Home Актуелно Села: Вицепремиерското место за носење бурек, му го отстапуваме на ДУИ!

Села: Вицепремиерското место за носење бурек, му го отстапуваме на ДУИ!

Претседателот од Алијансата за Албанците, Зијадин Села, се уште не се откажува од министерството за здравство. После средбата со премиерот Зоран Заев, Села рече дека ќе остане во владата и ќе го бара местото за нов министер за здравство.

Владата неделава потврди дека за министер за здравство ќе го предложат Венко Филипче. На новинарско прашање што ќе преземе Алијансата за Албанците ако Владата испрати до Собранието кандидат за министер за овој ресор, Села рече дека прво ќе почекаат да биде избран заменик на Арбен Таравари, па тогаш ќе излезат со став дали ќе излезат од Владата.

„За тоа како ќе се однесува Алијансата за Албанците и каков став ќе заземе ќе биде познато кога ќе биде испратен предлогот. Се надеваме дека министер за здравство ќе биде кандидатот на Алијансата, бидејќи така премиерот ќе покаже дека е сериозен и дека не потклекнува на притисоци“, рече Села и повтори дека нивен предлог за министер е Вулнет Ферати.

Тој рече дека вицепремиерското место за носење бурек му го отстапува на ДУИ.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…