Home Спорт Арсенал и Ливерпул во битка за ѕвездата на „кралевите“

Арсенал и Ливерпул во битка за ѕвездата на „кралевите“

Англиските медиуми пренесуваат дека Арсенал и Ливерпул ќе водат битка во јануарскиот преоден рок за потписот на играчот на Реал Мадрид.

Станува збор за Дани Себаљос, кој ова лето пристина на „Сантиаго Бернабеу“, но не добива голема минутажа кај Зинедин Зиндан.

Себаљос пристигна во Реал како еден од најголемите шпански таленти, но не може да се избори со големата конкуренција во тимот на „кралевите“.

Играчот сака да ја промени средината во потрага по поголема минутажа, а таквата ситуација се спремни да ја искористат неколку клубови од Премиер лигата, пред се Арсенал и Ливерпул.

Двата клуба стапиле во контакт со неговиот агент, но проблем е што во Реал не сакаат трајно да се откажат од фудбалерот. „Кралевите“ се спремни да го пуштат Себаљос на позајмица, или доколку го продадат да вметнат клаузула со која што ќе можат да го вратат на „Сантиаго Бернабеу“.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…