Живот

Сексот го прави зачинето повозбудлив: Дали сте чуле за foodplay предигра?

Foodplay е изразот кој ја означува предиграта во која се користат различни вкусни намирници, кои ќе направат страстите да се испреплетат во спалната соба. Доволно е само што ги спојувате двете најголеми задоволства, а со малку фантазија и креативност ќе ги постигнете најинтензивните оргазми. Нека предиграта биде ваше предјадење, а сексот главното јадење.

Уште од првото залче ќе посакате да пробате што е тоа што го подготвил главниот готвач за вас. Сѐ избирате вие самите – од тоа кои намирници ќе ги користете, како ќе ја сервирате храната, но и на кој начин ќе си наплатите.

Најпрво, изберете ги намирниците

Храната која ќе ја користите всушност ќе биде мамка за вашиот партнер. Тој не мора да биде упатен во она што ќе се случува, бидејќи изненадувањето ќе биде поголемо.

Лед

Се сеќавате на сцената од филмот „9 ½ weeks“, кога Мики Рурк и поминува со коцка мраз по телото на фаталната Ким Бејсинџер, додека таа целата се треси, но не од ладно, туку од возбудување? Е тоа направете му го на вашиот маж. Направете да ве посакува толку многу како што ледот се топи на неговото голо тело.

Грејпфрут

Најновиот интернет тренд е користење на грејпфрут при орален секс. Потребно е да направите дупка на овошјето, со цел да го собере половиот орган на вашиот сакан. Тој ќе ужива во ова влажно чувство, малку чудно, но сепак мошне возбудливо.

Мед

Нека започне слатката игра! Медот може да го искористите за секс игра со затворени очи. Кажете му на својот партнер да се намачка со мед по одредени делови на телото, а вие барајте ги со затворени очи, а кога ќе ги пронајдете слободно излижете го медот.

Ментол бонбони

Освен што ќе имате свеж здив, ментол бонбоните ќе го однесат вашиот партнер на седмо небо. Ментолот во комбинација со вашите врели усни, сигурно е нешто што ќе го натера да ви јаде од раце.

Манго

Мангото има мошне убав вкус, но е доволно мек за да го истискате и сокот да го истурите врз вашето тело и врз телото на вашиот партнер.

Суши

Саманта во филмот „Sex and the City“ ни покажа како треба оваа игра да изгледа. Дочекајте го вашиот сакан целосно гола на креветот со суши на вашето тело. Самиот поглед на вас ќе му даде енергија по напорниот работен ден, а вие ќе уживате додека тој ќе ужива во азискиот специјалитет.

Шампањско

Малку алкохол на никому не му наштетил. Употребете го за да се опуштите, но и за да ја загреете атмосферата или да си ги стимулирате ерогените точки.

За крај, подгответе ја кујната

Не сакате да си ја направите целата постелнина со флеки од храна, затоа пред да се упатите во foodplay со вашиот партнер, тргнете го сето она што може да се уништи од храната. На ноќната масичка поставете ги избраните намирници, за да ви бидат при рака и почекајте додека да се загреете. Исто така, имајте при рака и влажни марамици, за да се избришете во оној момент кога ќе започнете со сексот, бидејќи сигурно не сакате да си ги налепите интимните делови со мед. Верувајте тоа воопшто не е возбудливо.

За десертот воопшто не треба да се грижите. Кога ќе му овозможите на партнерот вакво задоволство, верувајте дека тој ќе знае како да ве награди. Можеби заедничко туширање? Пробајте, па видете.

Обратете внимание сепак да не го загрозите здравјето на својата интимна зона. Зачинетата храна може да ја иритира кожата, додека слатките може да предизвикаат инфекција или непријатности. Затоа, задолжително истуширајте се откако ќе завршите.

Advertisements
To Top