Секс за една вечер и утрото потоа

Секс за една вечер и утрото потоа

Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поминавте луда ноќ заедно? Што му е во главата…

Без разлика во кој тип жени спаѓате, може да ви се случи да имате однос со маж кој штотуку го запознавте. Пијана ноќ, луда забава, голема привлеченост…

Утрото “после” може за некој да биде пријатно, а за некој, на жалост, не толку сјајно. Ако сте поминале ноќ со маж што го познавате само така од некогаш но не сте биле во никаков контакт, веројатно сакате да знаете што има во неговата глава кога се буди…

Се кае или не?

Жените не се предаваат лесно кога станува збор за авантура од една ноќ. Но, разбирливо е дека секоја жена може да се најде во такви ситуации. Сепак, жените се по природа емотивни суштества, кои може да имаат односи со маж во кој би можеле потенцијално да се залудат, па за нив не е чудно кога се будат до него.

Кај мажите, случајот е различен. За нив, доволно е жената да биде сексапилна и веднаш посакаат да имаат однос со неа. Но, само една четвртина се тие што посакуваат да ја запознаат подобро жената со која поминале една ноќ. Еве зошто користат различни изговори за да избегнат подоцна контакт.

  • Сигурно нема да ви каже дека не се сеќава на ништо затоа што пиел многу. Ќе каже сè во две реченици без многу објаснувања, но на фин начин, за да не се заплете во проблем. Ќе ви изрази комплименти и брзо ќе  исчезни, со класичното ” се слушаме”.
  • Ќе рече дека се брза, дека има некој, дека го чека пријател кој е во проблем. Може да се обиде да избега со изговор и прашањето ”Дали си гладна, можеби треба да одам да нешто купам?”.
  • Или пак може да рече – беше убаво, но не ме повикувај повеќе!
  • Има можност да помислите дека треба да му верувате дека ќе ви се јави, без да го прашувате нешто, едноставно пуштајќи го да оди.
  • Сепак, можеби вашиот маж за една ноќ ќе ве праша „Да ли сакате чај или кафе“, или „Што посакувате за појадок“, или ќе ви предложи секс под туш, тогаш може да се радувате. Тогаш слободно може да го прашате за бројот на телефонот. Тоа е сигурен знак дека сака повторно да ве види.

А вие слободно може да купите некој секси долен дел на облека за следниот пат…