Секс скандал го тресе Интер: Ванда го изневерувала Икарди со соиграчот!?

Аргентинските и италијански медиуми лансираа вистинска „бомба“ и открија секс-скандал во фудбалскиот клуб Интер, во кој главен актер е сопругата на капитенот Икарди, Ванда Нара.

Имено, медиумите тврдат дека Ванда го изневерувала Икарди со неговиот соиграч, Марсело Брозовиќ, а славиот пат веднаш ја демантираше веста.

Јасно е дека ваквите информации веднаш ја „запалија“ јавноста со оглед на фактот Ванда еднаш беше во љубовен триаголник и нејзиниот бивши сопруг Макси Лопез го изневери со неговиот пријател Икарди.

Многумина тогаш го обвинуваа младиот Икарди, но Ванда тврдеше дека нејзиниот брак со Макси Лопез бил пропаднат пред да заврши во прегратките на „Маурито“.

„Јас сум мајака, имам пет деца и сум сопруга на Мауро Икарди. Тие кои шират невистини ќе платат за тоа“, изјави Ванда Нара.

Ваквите инфромации веднаш се поврзаа со неодамнешната расправија помеѓу Икарди и Брозовиќ во соблекувалната, па тоа додатно ги разгоре шпекуалциите.

Изворот кој пренесе за секс-скандалот можете да го видете ОВДЕ.