Психата и развојот на рак: Кои за појава на канцерогено заболување поради стрес


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кога кај бизнисменката Сабине Динкел пред две години лекарите дијагностицирале напреден рак на јајниците, жената буквално се видела себеси во гроб.

Откако го надминала првичниот шок, Динкел (51) тргнала во потрага по литература од која ќе дознае повеќе за својата болест. Она што го пронашла во книгите само дополнително ја депримирало. Многу книги сугерирале дека во голема мера сама си е виновна за болеста бидејќи не водела здрав живот и не се грижела доволно и редовно за своето здравје.

Меѓу луѓето е раширено верувањето дека причината за појавата на канцерогено заболување е психолошка. Во репрезентативното истражување на Германскиот центар за истражување на рак, дури 61 насто од испитаниците се согласиле со тврдењето дека психолошкиот стрес може да предизвика рак. Но, јасни докази за тоа нема.

Психата не лекува, но помага

„Ставот дека можете да добиете рак врз основа на своето психолошко расположение, стрес на работното место или поради тоа што, на пример, сте ја загубиле саканата личност, научно е неиздржан“, вели психоонкологот Имад Матук, од универзитетската болница во Хајделберг.

Според него, ракот се развива поради неколку фактори: генетски предиспозиции, ризични навики како пушење или чиста случајност. Нема никакви докази дека со позитивен и оптимистички став и поглед на животот можете да избегнете рак, вели Матук. Тој, во суштина, е скептичен кон „позитивното размислување“ кое често се пропагира во книгите за самопомош.

Иако психата не може да излечи рак, може да помогне во квалитетот на животот од пациентот, особено во раната фаза на болеста, кога уште се има чувство дека пациентот има некаква контрола врз неа, вели Матук. Имено, околу 30 насто од пациентите развиваат психолошки проблеми како последица од болеста. Постојат техники на опуштање кои можат да ги ублажат вознемиреноста и стравот. За многу од нив е потребна е и психотерапија.

Динкел своето средство за ублажување на тегобноста го открила во хуморот. Бидејќи не можела да најде ведра книга за ракот, самата напишала една таква со наслов „И со рак можете да се смеете“.

Важен е и ставот на блиските луѓе

И начинот на кој другите луѓе реагираат на канцерогеното заболување од некој близок може да биде тежок за заболениот. „Членовите на семејството и пријателите можат да помогнат, но можат да бидат и дополнителен товар“, вели директорката на Германскиот информативен центар за рак, д-р Сузан Вег-Ремерс.

Таа соведува дека блиските на лицето кое заболело од рак да не го прават она што сами би го очекувале во истата ситуација, туку да го прашаат пациентот што му е потребно. Добронамерните, но банални постапки на познаниците можат да ги иритираат пациентите. Сабине Динкел вели дека најмногу ја нервирале фразите од типот „Само треба да мислиш позитивно“ или „Ќе го победиш ти тоа“.

А кај неа ракот повторно се вратил после една година од хемотерапијата. „Отсекогаш мислев дека таквиот развој на случувањата целосно ќе ме нокаутира, но не ми се случи тоа“, вели таа. Од пријателите и роднините побарала додека е во болница да праќаат разгленици кои ќе ја насмеат.