Славни

Секс симболот на 1980-те во топ форма и на 52 години (18+)

Саманта Фокс стана сензација со само 16 години, и тоа благодарение на топлес фотографиите кои ги објави британскиот таблоид The Sun.

Доста брзо стана еден од најбараните модели во Велика Британија и мамеше воздишки кај мажите на сите страни од светот. Три години со ред ја освојуваше титулата „Девојка на годината“, а подоцна беше прогласена и за една од најголемите секс икони на ’80-те години од минатиот век.

Откако британскиот таблоид неколку години со ред ги објавуваше нејзините разголени фотки, се посвети на музичката кариера, а многумина тврдат дека во тоа успеа само поради кариерата како модел.

Нејзиниот дебитантски албум Touch Me, чија насловна песна ја обработи минатата година, се вбројува меѓу стоте најлоши плочи на сите времиња. Но, стекна голема армија обожаватели кои со речиси „религиозна“ посветеност ги следеа нејзините настапи.

Mandatory Credit: Photo by THE SUN/REX/Shutterstock (130251c)
Samantha Fox
SAMANTHA FOX

Во нејзиниот љубовен живот, исто така, немаше недостаток од возбудувања. Беше во љубовни врски и со мажи и со жени, а беше скршена од тага кога во 2015 година нејзината долгогодишна менаџерка и девојка, Мајр Стратон, почина од рак.

На старите добри времиња се потсети пред неколку дена кога со секси фотографија од минатото на Американците им го честиташе Денот на независноста. Новите фотографии кои ги објавува на Инстаграм покажуваат дека и на 52 години изгледа одлично. Иако се држи до старите хитови, пее и понатаму, а пред неколку дена одржа концерт во Осло.

Advertisements
To Top