Живот

Секс на брзина: Ова се најповолните места за сите авантуристички настроени љубовџии

Постојат многу пропратни места кои можете да ги искористите за да ја разбиете монотонијата, да ја распламтите врската или само едноставно добро да се забавувате со својата подобра половина.

Многу љубовници секојдневно смислуваат нови возбудливи места за секс, бидејќи креветот, колку и да е удобен и безбеден, набрзо станува досаден. Доколку сте авантуристи и сакате промени, ви ги претставуваме најдобрите и најпопуларните места за секс. Доколку веќе не сте ги провериле, преминете на тој дел.

Единствено решение за секс на брзина кој можете да го направите и таму каде моментално се наоѓате. Ако сте малку дискретни, сексот на брзина може да биде многу повозбудлив отколку што сте замислувале. Постојат многу пропратни места кои можете да ги искористите.

Лифт

Лифтовите се вбројуваат меѓу петте најдобри места за брз секс. Пробајте да го застанете лифтот на некој од спратовите, но ако не сакате да бидете фатени, пазете притоа да не се запали алармот.

Кога сето тоа сте го подготвиле, стиснете го вашиот партнер покрај ѕидот од лифтот и забавата може да почне. Откако сте завршиле со играта, пуштете лифтот да продолжи да се движи, но најважно е да излезете на некој од спратовите пред посакуваната дестинација ако не сакате сведоци.

Кино

Кино салите се идеални места за без секс, темни се, тешко дека некој ќе ве чуе, а во нив постојат места кои се создадени за такви активности. Ако сте се затекнале во ситуација салата да е полупразна, најдобро е да се сместите во најтемниот ќош и да почнете со играта.

Со купувањето на картата обидете се да го изберете љубовното место кај кое нема да би пречат потпирачите за раце така што ќе имате повеќе простор за сложени егзибиции. Кино салите се најдобри ако партнерот сака да ви понуди орален секс, но ако во салата има малкумина, можете да преминете на посложени игри.

Скали

Скалите не се баш идеални места за секс активности, но ако веќе толку сте загреанаи што тоа е единствено место каде можете да стигнете, не се грижете добро ќе послужат. Пронајдете темен ќош од кој каде ќе слушнете ако ви доаѓа некој во пресрет, опуштете се и тргнете.

Проблем е што скалите се обично доста тивки, па ниту вие не смеете да бидете гласни. Ако веќе сте ги избрале, проверете и дали постојат подрумски простории, бидејќи тие можат да бидат уште едно место поволно за брз секс.

To Top