Секој втор муштерија во аптека купува брз тест за ковид-19


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Статистичките податоци велат дека секој втор муштерија во аптека бара брз ковид тест. Од 1 јануари дневно се продаваат и до 100 теста во една аптека, откриваат дел од скопските аптеки.

Голем број од граѓаните често купуваат лекови за симнување на температура и против болка освен ковид има многу болни од грип, велат фармацевтите. Тестирањето е тројно зголемено и во лабораториите завчера биле направени скоро осум илјади тестирања и најголем дел во приватните лаборатории.

И на терен тестирањата се зголемуваат Денис Јанкуловски познат како Космонаутко од Центарот за јавно здравје вели дека се зголемени повиците за тестирање во домовите кај граѓани кои не можат да дојдат директно во лабораторија.

Во Македонија досега се целосно се вакцинирани вкупно 816 илјади граѓани или 39,2 проценти.