Сефте кадро на Серена со малата Алексис


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Американската тенисерка Серена Вилијамс неодамна за прв пат стана мајка, а сега, на својот Инстаграм профил, ја објави и првата фотографија на која е сликана заедно со својата ќеркичка.

Серена откри дека нејзиното име е Алексис Олимпија Оханиан, како и дека една недела после породувањето тие биле во болница поради помали компликации.

Девојчето е родено на 1 септември. Името го доби според својот татко, а вереник на Серена, Алексис Оханиан.

Освен фотографијата на Инстаграм, Серена на својот веб сајт сподели и трогателно видео на кое се документирани моментите за време на бременоста, првиот ултразвук и доаѓањето на Алексис дома.