Филм / ТВ

Џ.Џ. Абрамс ќе го режира деветтото продолжение од „Војна на ѕвездите“

Успешниот режисер и продуцент Џ.Џ. Абрамс ќе го режира новото, деветто по ред продолжение на култниот серијал од франшизата „Војна на ѕвездите“.

Абрамс ќе го замени Колијан Тревор, кој минатиот месец го напушти работењето на филмот Star Wars: Episode IX. Освен режијата, Џ.Џ. Абрамс ќе работи и на сценариото заедно со Крис Тери.

Тој е потписник на режијата на филмови како Mission Imposible III, Star Trek и Super 8. Освен тоа, автор е на серијалите како Fringe, Felicity и други.

Премиерата на филмот е закажана за 24 мај, 2019 година, а пред неа ќе биде прикажана осмата епизода Star Wars: The Last Jedi, која во кино салите стигнува на 15 декември, 2017 година.

Advertisements
To Top