Home Актуелно Седум години затвор за татко кој си ја продал ќерката за 6.000 евра

Седум години затвор за татко кој си ја продал ќерката за 6.000 евра

Скопскиот Кривичен суд му пресуди казна затвор во траење од седум години на Т.Д. кој си ја продал својата ќерка за 6.000 евра.

По одржана главна расправа на која беа изведени материјални и вербални докази во Основниот кривичен суд – Скопје, објавена е пресуда со која обвинетиот Т.Д. е огласен за виновен за сторено кривично дело – Трговија со дете и е осуден на казна затвор во траење од седум години.

„Предметниот кривично правен настан се случил во 2013 година кога Т.Д. ја присилил на брак својата тогаш 17-годишна ќерка и ја продал за 6.000 евра на семејство во Словенија. Оштетената малолетничка таму од страна на новото семејството била третирана како предмет на купување, за што надлежниот суд во Марибор во декември 2015 година ги осудил сопругот и неговите родители и им изрекол ефективни затворски казни“, соопшти Јавното обвинителство.

За случајот словенечкиот јавен обвинител го извести Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

„Надлежен јавен обвинител веднаш започна истрага за кривично правниот настан против таткото на оштетената. Преку меѓународна правна помош за случајот беа обезбедени докази и разменети информации со словенечките колеги. Во текот на истрагата се утврди дека родителите на момчето го договориле бракот и таткото на малолетничката дал согласност невестата да ја даде за пари на човек што првпат го гледа, а кога малолетничката се спротивставила обвинетиот физички ја нападнал и ја присилил на брак“, се додава во соопштението од Јавното обвинителство.

Имено, продажбата на девојката и присилниот брак се случиле пред седум години во 2013та а таткото ќе одговара за 6000 евра.

Спротивставувањето на девојката не ја спасило од договорениот брак меѓу родителите на момчето и таткото на девојката, туку ја влошило ситуацијата за девојката да биде и физички нападната од осудениот татко.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…