Се вратил порано за да ја изненади сопругата и ја нашол гола со неговиот татко


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Приватниот живот на турската актерка Гокче Бахадир, една од ѕвездите на омилената турска сапуница „Кога лисјата паѓаат“ го одбележа голем скандал.

Имено, на почетокот на оваа година Гокче се омажи по втор пат, со музичарот Емир Ерсој, а по романтичната венчавка во јавноста излегоа деталите од претходниот брак со 45-годишниот актер Али Сунал.

Гокче и Али си го кажаа судбоносното „да“ во 2011 година, па сепак љубовната идила траеше само една година, а набрзо следеше и развод.

– Се венчавме од голема љубов, но решивме да се разделиме затоа што ни се разделија патиштата – изјави тогаш актерката и како причина за разделбата ги наведе „различностите“. Иако долго се шпекулираше за причините за нивното раскинување, извори блиски до 41-годишната Гокче изнесоа шокантни тврдења во јавноста.

Рекоа дека бракот со Али се распаднал, бидејќи нејзиниот сопруг ја фатил во љубовен клинч со неговиот татко Кемал Сунал, кој во меѓувреме починал.

– Рахметли Кемал беше голем заводник. Тие двајца почнале да се забавуваат само неколку дена откако тој станал нејзин свекор. Помеѓу нив долго време постоеше фатална привлечност, а не го спречи тоа што е 30 години постар од неа – открил извор близок до актерката. Според турските медиуми, Али бил на пат кога неговата сопруга се забавувала со својот свекор. Тој се вратил дома два дена порано од планираното и сакал да ја изненади.

Додуша, тој бил изненаден на крајот од приказната, а сѐ му било јасно кога на самиот влез во дворот го здогледал автомобилот на татко му. Откако влегол во куќата, ги затекнал голи како гледаат телевизија.