Се возбуди дека „прв пат вози Ферари“ – го направи сол по неколку метри возење


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Снимката која беше направена во кинескиот град Венлинг, покажува како една девојка од Кина успеа да го испусти и искрши скапиот iFerrari 458 Italia после само неколку метри возење.

Жена на влажен пат набрзо ја изгубила контролата, а убавиот iFerrari 458 Italia завршил без предниот дел. Освен што удрила во заштитна ограда, несреќната Кинескиња во обид да го „скроти“ моќниот автомобилски ѕвер удрила во BMW X3, а тој потоа го собрал и црниот Нисан.

Снимката носи и возбуда пред возењето:„За прв пат возам Ферари. Ова е навистина посебно чувство“, кажала жената неколку минути пред несреќата. Се претпоставува дека го исклучила ЕСП (Електронска контрола на стабилноста на возилото), пишува Sohu News.