Се спрема брутален трансфер: Реал нуди двајца фудбалери за ѕвездата на Јуве!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Само уште неколку месеци останаа до почетокот на летниот преоден рок, кој според информациите ќе биде исклучително интересен. Уште сега европските гиганти тргнуваат во лов на своите најголеми желби со цел на лето да ги реализираат своите цели.

Таков е секако случајот и со Реал Мадрид која не се откажува од најголемата ѕвезда на Јувентус. Станува збор за Пауло Дибала кој неодамна го продолжи договорот со „старата дама“ до 2022 година.

„Го продолжив договорот и тоа беше моја одлука. Сакам да останам во Јувентус уште многу години бидејќи ова е еден од најголемите клубови во светот“, изјави Дибала.

Сепак, медиумите тврдат дека „кралскиот“ клуб спремил понуда која може да ги поремети плановите на Јувентус, но и на самиот Пауло Дибала.

Имено, Флорентино Перез е спремен да му понуди двајца фудбалери на клубот од Торини во замена за потписот на Аргентинецот, а станува збор за Алваро Мората и Хамес Родригез, кој веќе подолго време се на радарот на „бјанконерите“.

Мората, кој играше за Јуве од 2014 до 2016 и оваа сезона постигна 17 гола со четири асистенции, иако не е прв избор кај Зидан. Хамес Родригез исто така има солиден учинок од 13 асистенции и шест гола, но не е задоволен од минутажата која ја добива на „Сантиаго Бернабеу“.

Овие двајца фудбалери на трансфер пазарот вредат околу 120 милиони евра, толку колку што Јувентус ја проценува својата најголема ѕвезда.