Home Шоубизнис Се снима римејк на најомилениот божиќен и комичен филм на сите времиња

Се снима римејк на најомилениот божиќен и комичен филм на сите времиња

Од Disney потврдија дека работат на нови верзии од популарните филмови за деца од каталогот на Fox, кој неодамна го презедоа.

Меѓу нив се и „Night At The Museum“ и планетарно популарниот и веројатно најомилениот божиќен филм на сите времиња, „Home Alone“ („Сам дома“), божиќната филмска приказна која во 1990 година Меколи Калкин го вивна на небото на ѕвездената слава.

Претседателот на управата на Disney, Боб Ајгер, најави дека новите верзии од детските класици се наменети првенствено за сервисот Disney+, кој својата прва година од работата ќе ја заврши со над 400 филма и 7.500 епизоди од серии во понудата.

Претходно беше најавено дека се работи и на анимираната класика „Lady And The Trump“, во кој гласовите ќе ги позајмат Теса Томпсон и Џастин Теро, пренесува The Independent.

Филмот „Home Alone“ во кината премиерно почна да се прикажува на крајот од 1990 година и стана еден од најисплатливите и најомилени филмови на сите времиња, за сите возрасти. Снимен е со буџет од 18 милиони долари, во режија на Крис Колумбус, а заработи 476 милиони долари. Вториот дел од оваа франшиза, снимен две години подоцна, заработи 359 милиони долари.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …