Се штитат со уништување: Burberry спали производи во вредност од 31 милион евра


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Британскиот моден бренд познат по своите луксузни производи, култниот „Burberry“, само во изминатата година уништи облека, модни додатоци и парфеми во вредност од над 31 милион евра како дел од методот на заштита на својот бренд.

Со тоа вкупната вредност на стока што ја уништила оваа модна куќа во последните пет години се искачи на повеќе од 100 милиони евра.

Во текот на изминатите години „Burberry“ вложи многу енергија за да го направи овој бренд повторно ексклузивен откако фалсификаторите почнаа да ги копираат речиси сите нејзини производи. Една од главните продавачки на „Burberry“, Марија Малоне, вели дека уништувањето на производите е дел од процесот на производство.

„Причината поради која го прават ова е затоа што не сакаат да го преплават пазарот со попусти. Тие не сакаат нивните производи да дојдат во сечии раце и да ги продаваат со попусти и со тоа да ја намалат вредноста на брендот“, рекла Малоне.