Се потврдија црните прогнози за Асенсио


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Деталните прегледи потврдија дека Марко Асенсио има кинење на вкрстените лигаменти на коленото, па ќе мора да паузира од 6 до 9 месеци.

Асенсио доживеа тешка повреда на пријателскиот меч против Арсенал, а сега и Реал официјално потврди дека сезоната за него е завршена.

„После направените тестови, утврдено е дека Асенсио има кинење на предниот лигамент, како и на менискусот на неговото лево колено. Во следните неколку дена ќе биде опериран“, потврди Реал.

Во следните денови на Асенсио ќе му биде извршен хируршки зафат во САД, а потоа ќе се одреди точно периодот на рехабилитација.

Оваа повреда на Асенсио може да ги промени трансфер плановите на „кралевите“, па сега Себаљос може да остане на „Сантиаго Бернабеу“.