Се огласи и Роналдо за раскинувањето на договорот со Манчестер Јунајтед


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Манчестер Јунајтед вчера официјално потврди дека го раскина договорот со Кристиано Роналдо.

После во извесна мера контроверзното интервју кое го даде Роналдо каде отворено го критикуваше клубот, тренерот и соиграчите јасно беше дека тој повеќе нема иднина на „Олд Трафорд“.

Двете страни постигнаа договор за предвремено раскинување на соработката, па Роналдо е од денес слободен агент.

„По разговорите со Манчестер Јунајтед, заеднички се договоривме да го раскинеме договорот предвреме. Го сакам Манчестер Јунајтед ги сакам навивачите, и тоа никогаш нема да се промени. Сепак, ми се чини дека е вистинско време да барам нов предизвик. Му посакувам на тимот успех за остатокот од сезоната и за во иднина“, истакна Роналдо.