Се огласи и Груби за „Жолтата куќа“: Бев таму како преведувач за Хашкиот трибунал


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


После обвинувањата за поврзаноста на вицепремиерот Артан Груби со озлогласената „жолта куќа“ на северот во Албанија, се огласи самиот Груби со изјава за јавноста.

Вицепремиерот Артан Груби бил во „Жолтата куќа“ во градот Бурел во Северна Албанија во 2004 година како преведувач и во рамките на истрага на Хашкиот трибунал. Тој денеска потврди дека во текот на ангажманот за Трибуналот бил преведувач во тимот на обвинителот кој ја водел истрагата која тогаш завршила без докази дека таму биле носени затвореници кои биле убивани а нивните органи продавани на црниот пазар.

За Груби нема ништо спорно во неговиот ангажман, кој е наведен во неговата биографија и е јавно достапен, а во „Жолтата куќа“ бил во 2004 година не во педиодот од 1998 и 1999 година за кога се наводите дека се извршени злосторства.

Груби демантира дека бил повикан како сведок во Хаг во истрагата за злосторства против човештвото извршени од ОВК и во судскиот процес против водачите.

Ангажманот на Груби во Хашкиот трибунал и поврзаноста со истрагата за озлогласената „Жолта куќа“ минатата недела беше дел од меѓусебните обвинувањата меѓу власта и опозицијата во Албанија.

„Жолтата куќа“ за време и по воениот конфликт во Косово беше посочувана како место во кое се правеле операции за вадење органи од заробеници на ОНА – претежно Срби но и Роми и Албанци кои биле сметани за нелојални. Обвинителката Карла Дел Понте беше првата која јавно проговори за злосторствата сторени таму.

Во Хаг почна судскиот процес против раководството на ОВК кое е обвието за злосторства. На обвинителната клупа се бившиот косовски претседател Хашим Тачи, бившиот спикер Кадри Весели и Јакуп Красниќи тогашен портпарол на ОВК. Интересно е што во обвинителниот кат воопшто не е спомената „Жолтата куќа“ во Бурел. Тачи, Весели и Красниќи се ијаснија како невини.