Home Вебкафе Се качил во јавен превоз носејќи жива змија како заштитна маска (снимка)

Се качил во јавен превоз носејќи жива змија како заштитна маска (снимка)

Маж од Англија во понеделникот се качил во автобус од јавниот превоз носејќи змија како заштитна маска, пренесува Би-би-си.

Патникот и неговата рептилска маска, која била обвиена околу неговиот врат и уста, биле видени во автобус од гратчето Свинтон кон Манчестер. Една патничка изјавила дека ѝ се причинило дека мажот носи некоја „чудна маска“, сè додека не забележала дека „маската“ ползи над држачите.

Наскоро се огласија и властите во Манчестер, кои потврдија дека змиите не се адекватен начин за покривање на лицето, вели Би-би-си.

Жената-сведок на чудниот настан, која побарала да остане анонимна, вели дека инцидентот бил „многу смешен“, нагласувајќи дека животното не вознемирило никого од патниците. „На никого око не му трепна“, рече таа.

Заштитните маски во британскиот јавен превоз се задолжителни за сите освен за децата под 11-годишна возраст и за оние што не смеат да ги носат од здравствени причини или попреченост.

„Владините упатства јасно укажуваат дека тоа не мора да е хируршка маска и дека патниците можат сами да си направат маска или да носат нешто соодветно, како што е шал или марама“, соопштија градските власти.

„Иако може да има мали варијации во толкувањето на ова правило, не веруваме дека тоа опфаќа употреба на змиска кожа, особено не додека таа сè уште е прикачена на змијата“, пишува Би-би-си.

 

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

7 знаци дека станувате посреќни со годините (иако животот сè уште знае да биде хаотичен)

7 Знаци дека станувате посреќни со годините (и покрај хаосот којшто животот сè уште знае д…