Се е спремно за доделувањето на „Златната топка“, но Роналдо нема да дојде на церемонијата


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Вечерва на гала цереминија во Париз со почеток од 20:30 часот ќе биде доделена престижната награда на „Франс Фудбал“, „Златната топка“.

Според најавите таа треба да ја добие Лионел Меси, на кого ова ќе му биде 6-та „Златна топка“. Вчера дури се појави фотографија на социјалните мрежи на која беа откриени гласовите.

Меси има убедливо најголем број гласови пред Ван Дајк и Салах, а Роналдо е дури на четвртата позиција.
Поради тоа медиумите тврдат дека Кристиано Роналдо нема да се појави на церемонијата.

Медиумите од Италија пишуваат дека тој ќе присуствува на друг настан и ќе патува за Милано каде ќе се избираат најдобрите во Серија А за сезоната 2018/19, а Роналдо ќе биде избран за „Играч на сезоната“.