Се е спремно: Челзи прави „земјотрес“ на трансфер пазарот!


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Антонио Конте оваа сезона е на добар пат да ја освои Премиер лигата со Челзи, но размислува за иднината на клубот и сака значително да го засили тимот за следната сезона да атакува на Лигата на шампиони.

Англиските медиуми тврдат дека Роман Абрамобич веќе одобрил огромен буџет и ќе му даде „одврзани раце“ на италијанскиот стратег, кој е спремен да направи „хаос“ на трансфер пазарот.

Прв на листата желби на Конте е ѕвездата на Монако, Бакајоко кој важи за еден од најперспективните играчи за врска во Европа. Со него Челзи ќе добие алтернатива за двоецот Матиќ – Канте и додатно ќе го засили средниот ред.

Втор на листата желби е младиот Французин од Баерн Минхен, Квинсли Коман за кого Челзи е спремен да плати 43 милиони фунти. Конте сака да ги засили крилните позиции и е импресиониран од квалитетите на Коман, кој оваа сезона не добива голема минутажа кај Анчелоти.

Меѓутоа тоа не е се, Конте сеуште не се откажал од ѕвездата на Рома, Раџа Наинголан кој игра извонредна сезона во Серија А, а на радарот на „сините“ се уште двајца фудбалери на Монако, Бенџамин Менди и Бернардо Силва.