Home Шоубизнис Се бори со траумата и болката: Диди не може да се опорави од загубата на сопругата

Се бори со траумата и болката: Диди не може да се опорави од загубата на сопругата

Музичкиот могул од светот на забавната музика и шоубизнис фелата, Шон Диди Комбс, по смртта на сопругата Ким Портер, која почина на 15-ти ноември минатата година, сè уште се бори со траумата и болката од загубата во обид да продолжи со нормалниот живот заедно со ќерките и синот кој го добил со Ким.

Ким почина од компликации предизвикани од пневмонија во 47-та година, а нејзината изненадна смрт го потресе семејството кон крајот на минатата година.

Во пресрет на празникот Денот на мајката кој се одбележува на 12-ти мај, Диди во аудио интервју за „Essence” изјави дека неговото тој и семејство сè уште не можат да се опорават емоционално од загубата и дека ќе им треба уште многу време да се навикнат дека нивната Ким повеќе ја нема.

„Пред сето ова бев татко со скратено работно време. Моето семејство секогаш беше на прво место, но многу пати ја ставав работата пред семејството. Ја слушам секој ден како ми вели дека треба да поминувам време со децата и да се трудам сè да биде добро. Сега сум многу поприсутен и моите деца ми се приоритет”, вели Диди во интервјуто.

Пред Ким да почине, според зборовите на Диди, имала грип и ги испратила децата кај нивниот татко за да не ги разболи.

„Пафи, чувај ги моите деца. Тоа ми го кажа пред да почине”, заклучил музичарот низ солзи.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …