Провалничка која секој би посакал да му провали дома – еве што направила


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Жена од Охајо беше обвинета за провала на туѓ имот откако провалила во една куќе во која подоцна се однесувала најдомаќински и најкултурно што може. Дури и мајчински.Откако влегла во туѓата куќа го галела кучето кое било внатре, а потоа им измила и садови на домаќините додека тие не биле тука.

Чејени Јуинг беше уапсена откако низ задната врата се мушнала во една семејна куќа во Хамден, јужно од Колумбус, во понеделникот околу девет часот навечер.

Сопственикот на куќата за полицијата изјавил дека Јуинг влегла во куќата и седнала на каучот пред да почне да го гали нивното семејно куче милениче. Потоа, наводно, станала и ги измила валканите садови пред да ја напушти куќата.

Во периодот додека Чејени била во куќата, сопственикот повикал полиција пријавувајќи дека има провалник во домот. Но, кога полицијата стигнала на местото, таа веќе ја имала напуштено куќата. Сопственикот на куќата за полицијата изјавил дека не ја познава Чејени Јуинг и дека таа влегла во домот непоканета.

Газдата забележал дека жената се однесува прилично чудно. Полицијата, во меѓувреме, додека разговарала со сопственикот на куќата, добила повик дека истата жена затропала на вратата од домот на една друга жителка на местото.

Кога полицајците ја лоцирале Јуинг, таа излагала за нејзиниот идентитет. Наводно им рекла дека била будна два дена, но тие препоставуваат дека таа за време на недозволената посета на куќата била под дејство на наркотици.