Home Спорт СЕ БИЛО ЛАГА: Фиорентина НЕ го продолжила договорот на Астори!

СЕ БИЛО ЛАГА: Фиорентина НЕ го продолжила договорот на Астори!

Неверојатен гаф во Италија. Комесарот на Серија А Џовани Малаго на пресконференција и честираше на Фиоренатина што одлучила да му го продолжи договорот на Астори, а тоа всушност била лажна вест.

Вчера сите италијански и светски медиуми објавија дека Фиорентина одлучила да му го продолжи договорот на Астори и парите да и ги дава на неговата фамилија. (ОВДЕ).

На веста „наседна“ и комесарот на Серија А Џовани Малаго, а потоа јавно се огласи Фиорентина и ја демантираше веста.

„Само тишина и почит за да го сочуваме споменот на Давиде. Фиорентина е се уште во шок од трагичниот настан и замолува за тишина и почит. Во името на сите“, стои во соопштението на Фиорентина.

Италијанските медиуми тврдат дека соопштението е за Малаго лично, бидејќи е несватливо како така висок функционер да даде неодговорна изјава.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…