Home Актуелно СДСМ упорно тврди дека Данела Арсовска има бугарско државјанство и е конзул на Унгарија, објавија и лична карта – Арсовска негира

СДСМ упорно тврди дека Данела Арсовска има бугарско државјанство и е конзул на Унгарија, објавија и лична карта – Арсовска негира

„Данела Арсовска се определила да биде почесен унгарски конзул, да биде мост меѓу Македонија и Унгарија и да застапува друга држава, сега испаѓа дека е државјанин на трета држава. Тоа е сепак премногу, па уште се кандидира и за градоначалник. Во Скопје сепак се бира градоначалник, а не кмет, за тоа може да се кандидира во Бугарија“, утрово изјави актуелниот премиер и претседател на СДСМ Зоран Заев во гостувањето на „Утрински брифинг“.

Тој кажа дека нема ништо лошо во тоа што Арсовска е бугарски државјанин, но дека е политички, етички и морално нечесно тоа што го крие тоа и се обидува да ги манипулира граѓаните. – Очекувам кандидатката за градоначалник на Скопје, Данела Арсовска да се повелече бидејќи не смее да го понижува народот до толку. Треба веднаш да се повлече ако малку го сака Скопје и скопјани. Ако таа сега вака нечесно се поставува, што ќе се случи доколку биде избрана, запраша Заев.

Од ВМРО-ДПМНЕ ги отфрлија овие тврдења за неточни, а истото го негира и Арсовска со тврдење дека може да аргументира со докази.

Таа рече дека нема да седне на иста маса со лица кои ја навредуваат и понижуваат. Таа рече нема променето име како што се пишува јавно, а тоа може да се докаже со извод од матична книга на родени. Негираше дека има бугарско државјанство

„Јас не поднедувам оставка, а тој нека си ја спреми оставката за во понеделник”, рече Арсовска упатувајќи порака до Зоран Заев.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…