Каракачанов станал дедо – внучето ќе се вика Гоце Делчев


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Од ВМРО, партијата на Красимир Каракачанов, еден од членовите на поранешната владеачка гарнитура на Бугарија што реши да ја блокира Македонија на патот кон ЕУ, објави дека нејзиниот лидер станал дедо по втор пат и дека внучето ќе се вика Гоце Делчев.

„Малиот херој е второто внуче на претседателот на ВМРО од неговата ќерка Деница и неговиот зет Никола. Детето ќе го носи легендарното историско име Георги Николов Делчев.

Потсетуваме дека ова се трите имиња на војводата Георги (Гоце) Делчев.

Дури и на скопските манипулатори веќе треба да им биде јасно чиј е Гоце Делчев!

На малиот Георги му посакуваме здравје, сила и храброст!“, се вели во честитката на партијата на поранешниот министер за одбрана и вицепремиер на Бугарија.