Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓
„Данела Арсовска се определила да биде почесен унгарски конзул, да биде мост меѓу Македонија и Унгарија и да застапува друга држава, сега испаѓа дека е државјанин на трета држава. Тоа е сепак премногу, па уште се кандидира и за градоначалник. Во Скопје сепак се бира градоначалник, а не кмет, за тоа може да се кандидира во Бугарија“, утрово изјави актуелниот премиер и претседател на СДСМ Зоран Заев во гостувањето на „Утрински брифинг“.
Тој кажа дека нема ништо лошо во тоа што Арсовска е бугарски државјанин, но дека е политички, етички и морално нечесно тоа што го крие тоа и се обидува да ги манипулира граѓаните. – Очекувам кандидатката за градоначалник на Скопје, Данела Арсовска да се повелече бидејќи не смее да го понижува народот до толку. Треба веднаш да се повлече ако малку го сака Скопје и скопјани. Ако таа сега вака нечесно се поставува, што ќе се случи доколку биде избрана, запраша Заев.
Од ВМРО-ДПМНЕ ги отфрлија овие тврдења за неточни, а истото го негира и Арсовска со тврдење дека може да аргументира со докази.
Таа рече дека нема да седне на иста маса со лица кои ја навредуваат и понижуваат. Таа рече нема променето име како што се пишува јавно, а тоа може да се докаже со извод од матична книга на родени. Негираше дека има бугарско државјанство
„Јас не поднедувам оставка, а тој нека си ја спреми оставката за во понеделник”, рече Арсовска упатувајќи порака до Зоран Заев.