СДСМ денес во Штип, ВМРО-ДПМНЕ во Битола – продолжува изборната кампања

Изборниот карван на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата За подобра Македонија денеска ќе биде во Демир Хисар (17:30) и Битола (20:00)

СДСМ и Коалицијата За живот во Македонија ќе има митинзи во Пробиштип (17:30) и во Штип (19:00)

Кандидатите за пратеници на  Демократската партија на Албанците ќе бидат во Матејче (18:30).

Митинг на Коалицијата за промени и правда митинг ќе има во Кочани. (Мултикултурен центар / 18:00).

Алијансата за Албанците денеска митинзи ќе има во Брвеница (18:00) и Желино (19:00)

Претставници на Движењето Беса ќе ја посетат Стопанската комора на северозападна Македонија, која ќе им ја презентира својата економска платформа.