Саудискиот принц го сака Манчестер Јунајтед и е спремен да плати 4 милијарди


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Најтрофејниот англиски клуб Манчестер Јунајтед би можел да добие нови сопственици, ексклузивно пренесува „Сан“.

Откако милијарди беа инвестирани во градскиот ривал Манчестер Сити од арапски сопственици, „црвените ѓаволи“, исто така би можеле да добијат слични средства од саудиското кралско семејство.

Саудиското кралско семејство кое што „тежи“ неверојатни 967 милијарди евра, се надева дека ќе ги убеди актуелните сопсттвеници на Јунајтед да го продадат клубот пред почетокот на следната сезона.

Принцот Мохамед бин Салман кој ќе биде и иден Крал на Саудиска Арабија, сака да го купи клубот од „Олд Трафорд“ и за тоа е спремен да плати околу 4 милијарди евра.

Извори блиски до семејството Глејзер тврдат дека тие се противат на продажбата на клубот, но дека високата понуда ги натерала да размислат.

Американските сопственици ги купија „црвените ѓаволи“ во 2003 година за 900 милиони евра, а ако одлучат да ја прифатат понудата на Бин Салман, семејството Глејзер би добило профит од околу 3 милијарди евра.

Можен договор се очекува да биде склучен пред почетокот на следната сезона, а разговорите се одржуваат од октомври минатата година. Шеикот сака да знае дали екипата ќе игра во Лигата на шампионите следната сезона пред да ја донесе конечната понуда.

Покрај тоа што е фудбалски фан, за Бин Салман ова ќе биде продолжување на големото ривалство со кралското семејство од Абу Даби кое е сопственик на Манчестер Сити.