Роднина на Сала тврди: Емилијано беше убиен, истрагата мора да продолжи!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Семејството, пријателите, навивачите и поранешните соиграчи се простија од фудбалерот Емилијано Сала во неговиот роден град во Аргентина, четири недели откако тој загина во авионска несреќа над Ламанш.

Траорна беше атмосферата во Санта Фе, каде беше одржан погребот на Емилијано Сала, фудбалерот кој трагично го загуби животот во авионска несреќа патувајќи на првиот тренинг за новиот клуб.

Сала животот го загуби во авионската несреќа која се случи на 21 јануари. Тој патуваше од Нант за Кардиф и требаше да му се приклучи на новиот тим, но авион од мистериозни причини исчезна од радарот, а потоа пронајден беше на дното од каналот Ла Манш.

Пособено внимание во Аргентина и светот привлече изјавата на неговиот братучед, Мартин Гати, кој тврди дека Сала бил убиен и побара од властите да ја продолжат истрагата.

„Емилијано беше убиен. Има толку многу нерегуларности околу летот, се е направено лошо и погрешно. Тој бил принуден да се качи во авионот. Тој почна да станува значајна личност и го оставија сам при еден таков лет. Немаше никој друг во авионот со него освен пилотот. Верувам дека правдата ќе излезе на виделина, треба да се истражат сите нерегуларности од самиот почеток. Требаше да внимаваат многу повеќе на него и да му обезбедат авион за други услови“, изјави после погребот Мартин Гати.

https://twitter.com/SofazeiroFC/status/1096867725278875654