Последен аплауз за шампионот, Сала погребан во родниот град (видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Семејството, пријателите, навивачите и поранешните соиграчи се простија од фудбалерот Емилијано Сала во неговиот роден град во Аргентина, четири недели откако тој загина во авионска несреќа над Ламанш.

Траорна беше атмосферата во Санта Фе, каде беше одржан погребот на Емилијано Сала, фудбалерот кој трагично го загуби животот во авионска несреќа патувајќи на првиот тренинг за новиот клуб.

Сала животот го загуби во авионската несреќа која се случи на 21 јануари. Тој патуваше од Нант за Кардиф и требаше да му се приклучи на новиот тим, но авион од мистериозни причини исчезна од радарот, а потоа пронајден беше на дното од каналот Ла Манш.

При изнесувањето на ковчегот од катедралата покрај солзите и болката, можеше да се слушне и аплауз како што заслужува да биде испратен шампион како него.