Home Вебкафе Само 50 луѓе на светот ќе ја имаат честа да бидат газди на овој „ѕвер“

Само 50 луѓе на светот ќе ја имаат честа да бидат газди на овој „ѕвер“

Новиот модел од германскиот автомобилски гигант, Audi PB18 E-Tron, доби светло за отпочнување на сериското лимитирано производство од страна на директорот Брем Шот.

Овој целосно електричен суперавтомобил ќе се појави наредната година , а производството ќе биде ограничено на само 50 примероци.

Официјални податоци за перформансите на возилото се уште нема , освен што е познат концептот на три електромотори со вкупно 680 коњски сили и 830 Nm вртежи , иако има и опција со 775 коњски сили.

Од 0 до 100 км/час ќе развива за само 2 секунди. Што се однесува до автономното возење, новите батерии овозможуваат до 500 километри со едно полнење, кое ќе се изврши за само 15 минути.

Управувачот е поставен на средина, слично како кај Мекларен, со тоа што ќе може да се преместува лево или десно.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Дали знаевте дека старееме во три фази? Нова студија открива: сè се менува на 34, 60 и 78 години!

ДАЛИ ЗНАЕТЕ ДЕКА ВСУШНОСТ СТАРЕЕМЕ ВО ТРИ ФАЗИ? НОВО ИСТРАЖУВАЊЕ ВЕЛИ: КЛУЧНИТЕ ПРЕСВРТИ С…