Салах ги израдува фановите: Убеден сум дека ќе играм во Русија!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Мохамед Салах се повреди за време на финалето против Реал Мадрид, а повредата на рамото изгледаше толку сериозна што првичните прогнози беа дека можи да го пропушти Мундујалот во Русија.

Два дена после финалето се оглеси и самиот Салах кој ги израдува љубителите на фудбалот и потврди дека ќе биде спремен за Светско првенство.

„Вечерта беше тешка, но јас сум борец. И покрај прогнозите, убеден сум дека ќе бидам во Русија и ќе ве направам горди. Вашата љубов и поддршка ќе ми ја дадат силата која ми е потребна“, порача Салах на социјалните мрежи.

Египет на Светското првенство ќе игра во групата А со селекциите на Русија, Саудиска Арабија и Уругвај.