„Сакам да имам секс со тебе“: Инструкторка по карате му праќала голи фотки на 11-годишен ученик


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Полицијата ја уапси 21-годишната инструкторка по карате под обвинение дека праќала свои голи фотографии на 11-годишно момче, настапувајќи и со сексуални понуди.

Стефани Фигуеро ја чека судење за недолично однесување, нудење сексуални услуги, прикажување на перверзни материјали на дете и злоупотреба на малолетник, известија властите од Орландо, Флорида.

Фигуеро е карате инструкторка во Next-Gen Xtreme Martial Arts и наводно на неидентификуваното момче кое било вклучено во нејзината сексуална авантура било нејзин ученик. Неговата мајка за властите изјавила дека кога го отворила профилот од својот син на една социјална мрежа, пронашла голи фотографии и покани за секс, а сето тоа го наводно го испратила 21-годишната инструкторка, пренесува Crimeonline.

„Сакам да имам секс со тебе“ му пишала во една порака инструкторката во која го кани на прослава на нејзиниот 21-ви роденден.

Фигуеро наводно на момчето му испратила 15 голи и разголени фотографии. Исто така, флертувала со него на социјалните мрежи неколку месеци наназад, каде му рекла дека „не може да дочека да поминат уште една ноќ во карате школата, за да може да има секс со него“, наведуваат полициските власти од Орландо. Дечкото наводно одговорил дека тоа не го интересира.

Сопственикот на карате школата изјави дека ги провериле надзорните камери и дека не е забележано оти тие двајца имале секс во школата, но исто така изјави дека неговата школа не организира ноќни средби во просториите, но подоцна ја повлече таа изјава.

Истражните лица стравуваат дека оваа инструкторка заведувала и други декца во школата. Таа моментално е во притвор без право на кауција.