Сајтот од Министерството за политички системи со кое раководи Груби е само на албански јазик, македонски нема


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Министерот за политички систем Артан Груби, воопшто нема проблем официјалната интернет-страница на македонското министерство што го раководи да е само на албански јазик. Очигледно со тоа и никој во Владата нема проблем.

Сите информации поврзани со активностите на Груби на оваа интернет-страница се објавуваат само на албански јазик. А целосното име на неговото министерство е – Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците.

Уште еден мал детаљ од комуникацијата на кабинетот на Артан Груби. Официјалните известувања за Министерството за политички систем медиумите ги добиваат од мејл-адреса – First Deputy PM, или, во превод, „прв заменик премиер“. Инаку неговата официјална титула е заменик на претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците.

На интернет-страницата на Министерството за политички систем на македонски јазик е само логото од Министерството.