Култура

Саемот на книгата оваа година ќе се одржи од 8 до 14 септември

Овогодинешното издание на Саемот на книгата ќе се одржи од 8. до 14. септември, во A1 Арена, СЦ Борис Трајковски.

Саемот традиционално е поддржан од Министерството за култура на Република Северна Македонија и оваа година ќе биде организиран во соработка со Македонската Асоцијација на издавачи, Здружението на издавачите и книжарите на Македонија – ЗИКМ, Здружението на албанските издавачи од Македонија и Сојузот на албански издавачи во Македонија.

Ова е најпозната манифестација за читателите во земјата и е проследена со масовна продажба на книги.

За време на одржување на саемот протоколите за безбедност ќе бидат најстрого почитувани, за што посетителите и изложувачите ќе бидат навремено информирани.

И покрај ограничувањата кои се воведени поради пандемијата, се очекува посетата на саемот да биде на очекуваното ниво од повеќе од 20.000 посетители.

Под мотото „Безбедни саеми“, Саемот на книга е првата саемска манифестација за годинава, а по него следи и долгоочекуваниот Саем за мебел.

To Top