САД времено го стопира финансирањето на Светската здравствена организација – Трамп обвинува!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Првиот човек на САД, претседателот Доналд Трамп на најновата прес-конференција која ја одржа за јавноста, изјави дека дал налог на администрацијата да го стопира финансирањето на Светската здравствена организација. Тој инсистира дека СЗО мора да одговара за наводните неуспеси во реакцијата на вирусот ковид-19, како што претходно се закани.

„Денес дадов инструкции на мојата администрација да го прекинат финансирањето на Светската здравствена организација сѐ додека не се изврши ревизија на улогата на организацијата во слабото менаџирање и прикривањето на ширењето на коронавирусот“, изјави Трамп синоќа на брифинг во Белата куќа, додавајќи дека САД „имаат обврска да инсистираат на целосна одговорност“ од телото за јавно здравје.

Во текот на прес конференцијата Трамп ја обвини СЗО дека знаеле за тежината на вирусот во Кина уште пред да го предупредат остатокот од светот за потенцијалната пандемија. Напоменал дека средствата кои САД ги издвојуваат за СЗО повремено ќе бидат стопирани, а во тоа време ќе има истрага.

Трамп смета дека СЗО е одговорна за економскиот хаос и илјадници смртни случаи предизвикани од коронавирусот.

„Не ја исполнија нивната основна должност и за тоа мора да одговараат. Толку многу смртни случаи само поради нивните грешки. Илјадници животи ќе беа зачувани ако СЗО си ја вршеше работата како што треба. Затоа мора да одговараат, рече Трамп.

Американскиот претседател обвини и дека СЗО е преориентирана кон Кина. За две години САД на СЗО и исплатиле 893 милиони долари, додека Кина издвоила 86 милиони долари во истиот период.