САД: Очекуваме соработка со новата влада


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


САД оценува дека процесот за формирање на влада е во напредна фаза и дека истиот се движи кон крајот. Според нив, важно е да се истакне дека претседателот Иванов и лидерите на партиите од коалициското мнозинство нашле начин да соработуваат на конструктивен начин.

Очекуваме дека по формирањето на новата влада ќе соработуваме со истата. Се надеваме дека ќе се формира брзо. Уште многу работа треба да се направи за Македонија да може да се придвижи напред кон итните реформи и да оствари напредок на патот кон Евро-атланстката заедница, велат од Амбасадата на САД во Македонија.

Оттаму додаваат дека САД останува пријател и партнер на Македонија, со надеж дека ќе имаат соработка со новата влада во поддршка на реформите и напредокот на земјата.