Руските специјалци спречиле киднапирање на брод од пирати во близина на западниот брег на Африка (снимка)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Руското Министерство за одбрана објави видео преку кое ја пофали акцијата на своите маринци во близина на западниот брег на Африка.

Тие тврдат дека ги избркале пиратите кои сакале да киднапираат контејнерски брод и го спасиле екипажот.

Пиратите со глисер стигнале до бродот и се качиле, екипажот се сокрил во машинскиот салон

Вчера Министерството објави дека рускиот воен брод Вице-Адмирал Кулаков, добил повик за помош од контејнерскиот брод „MSC Lucia“, кој пловел под панамско знаме во заливот во близина на западниот брег на Африка, меѓу Того и Камерун.

Вооружените пирати, наводно, стигнале до контејнерскиот брод со глисер и се качиле, а екипажот се криел во машинската соба.

Според руското министерство, од рускиот воен брод веднаш бил испратен хеликоптер Кумов Ка-27Пс со маринци.

Пиратите побегнале веднаш штом го виделе рускиот хеликоптер

Штом забележале дека се приближува воен хеликоптер, пиратите го напуштиле бродот, се качиле на глисерот и со полна брзина се упатиле кон брегот, соопшти Министерството.

Според Министерството, руските маринци слетале на „MSC Lucia“, со хеликоптер, го ослободиле екипажот и почнале да го пребаруваат бродот за да се уверат дека на бродот нема повеќе пирати.