ДИК во 24 часа направи „пу-пу не важи“: Нема промена на изборните правила


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Државната изборна комисија за помалку од 24 часа го поништи изменетото упатство за важечки и неважечки гласачки ливчиња. Сега поништената измена предвидуваше за важечки да се сметаат и гласачките ливчиња без печат, во ситуации кога е направен пропуст од страна на избирачкиот одбор, доколку волјата на гласачот е јасно изразена.

По реакциите во јавност со кои се доведува во прашање легитимитетот на првиот изборен круг, различниот третман на избирачките ливчиња помеѓу два круга, првиот човек на ДИК Александар Даштевски вели дека го промениле Упатството поради одлуката на Управниот суд со која поништи гласање на едно избирачко место во Шуто Оризари.

Управниот суд го поништи гласањето на едно избирачко место во Шуто Оризари откако коалицијата ЛДП/ДОМ поднесе приговор за постапката за гласање, сумирање и утврдување на резултатите. За слични ситуации во иднина кои би го довеле во прашања изборниот процес, дел од членовите на ДИК за одговорност посочуваат кон Управен суд.

Инаку во првиот круг од гласањето за градоначалници во 80 општини имаше речиси 45 илјади неважечки ливчиња, а во Град Скопје над 15 илјади, или заедно повеќе од 60 илјади неважечки ливчиња. Оттаму реакциите во јавност беа дека сега поништената одлука на ДИК може да отвори сериозни дилеми со оглед на тоа што нема точна информација колку од неважечките ливчиња биле без печат ако се има предвид дека во некои општини некои од кандидатите беа избрани во првиот изборен круг со минимална разлика во гласови но забележани голем број неважечки ливчиња.