„Благодарение“ на Ковид-19 светот доби 9 нови милијардери – погодете од кој сектор се тие


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Додека најголем дел од светската популација генерално доживеа финансиски потрес и криза предизвикани од пандемијата на Ковид-19, рестрикциите и економските пореметувања во разни сектори, некои видоа огромен ќар и аир од сето тоа и се лансираа во светот на престижната милијардерска елита.

По ново ЦЕО-то на Модерна и ЦЕО-то на Бионтек вредат по 4 милијарди долари. Милијардери стануваат и високите менаџери на кинеската КанСино биолоџикс, како и раните инвеститори во Модерна, чија вредност на акциите нагло порасна делумно заради очекувањата за профит од продажбата на вакцините.

Од февруари 2020 вредноста на акциите на Модерна порасна за 700%, на Бионтек за 600%, а на КанСино биолоџикс за 440%. КанСино има вакцина против ковид од една доза, која во февруари годинава беше одобрена за употреба во Кина.

Деветте нови милијардери вредат вкупно 19,3 милијарди долари, што според луѓето кои ја правеа пресметката е доволно за да се вакцинираат околу 780 милиони луѓе во сиромашните држави низ светот.

Извештајот му претходи на Г20 глобалниот самит на кој светските лидери дебатираат околу привремено укинување на патентите за вакцини против ковид-19.

Според СЗО, 87% од вакцините завршиле кај богати или држави од висока средна класа, додека сиромашните држави добиле само 0,2% од вакцините.