Home Вебкафе Руски тренд во време на коронавирус: Дотерани, со фризури, одат да фрлаат ѓубре

Руски тренд во време на коронавирус: Дотерани, со фризури, одат да фрлаат ѓубре

Повеќе од 3,6 милијарди луѓе во светски рамки, на сите страни од планетава, се принудени да се изолираат, заради спречување и заштита од ширење на коронавирусот. Многумина работат од дома. Кафулиња, театри, трговски центри, кина – ништо од тоа не работи. Не работат ниту фризерските салони, салоните за убавина или спортските спортски не работат.

Затоа, за многу граѓани, одењето до контејнер за отпадоци е единствениот излез од дома заради воведување на целосен карантин, а некои сфатиле како да го направат тоа што е можно по забавно.

Во Русија се појави интересен тренд на социјалните мрежи, каде што се покажани жените како се облекуваат еднаш дневно и тоа како да одат на забава или прием , а одат до контејнерот. Тие излегуваат со свечени фустани, нашминкани, со чевли или сандали со високи потпетици.

Во едната рака држат кеса со отпадоци, а во другата мала торба за излегување. Имаат шминка, а понекогаш и свечена фризура.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

Што открива кафето што го пиете за вашата личност?

ФИЛТЕР КАФЕ Лицата што пијат филтер кафе често се претставници на подзатворени или интрове…