Американка отишла на банкомат да вади пари – видела дека има вишок од 8,5 милиони долари


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Жена од Флорида останала шокирана кога отишла да вади пари од банкомат, па проверувајќи ја состојбата на сметката, видела дека има вишок од 8,5 милиони долари.

Пензионерката Дајана Лагуили нашла мултимилионска сума на својата сметка, но нешто веднаш било сомнително. Кога се јавила во банката, сфатила дека има грешка.

„Таа бајка веднаш излета низ прозорецот“, вели пензионерката за ТV Wofl.

За 12 часа, таа добила телефонска порака дека погрешно уплатената сума исчезнала од нејзината сметка.

Тоа изненадување, кое не траело долго, ја инспирира пензионерката да купи продукти во Волмарт за медицинска сестра која имала потреба од нив. „Ми беше драго иако немав 8 милиони долари. Требаше да го видите нејзиното лице“, рече Лагуили.

Пензионерката не е прва што нашла милиони на нејзината сметка. Претходно оваа недела, волонтерски пожарникар се обидел да подигне 1.700 долари како субвенции во Индијана, но на сметката нашол 8 милиони долари.