Home Актуелно Руски новинар го продаде медалот кој го доби со Нобеловата награда за 103 милиони долари – парите ќе ги донира за украински бегалци

Руски новинар го продаде медалот кој го доби со Нобеловата награда за 103 милиони долари – парите ќе ги донира за украински бегалци

Познатиот руски новинар и уредник на рускиот независен весник „Новаја газета“, Дмитри Муратов, го продаде медалот на Нобеловата награда за мир, што ја доби лани, за 103,5 милиони долари. Муратов кажа дека парите собрани на аукцијата ќе бидат донирани за бегалците од војната во Украина.

Муратов ја доби Нобеловата награда за бранење на слободата на изразувањето во Русија, но неговиот весник престана да работи во март, набргу по почетокот на руската инвазија на Украина.

Аукциската куќа „Херитиџ“ не објави кој го купил медалот на аукцијата во Њујорк.

Муратов, кој ја доби Нобеловата награда заедно со Филипинката Марија Реса, беше меѓу шестемина новинари кои го основаа „Новаја газета“ во 1993 година. Од 2000 беа убиени шестмина новинари и соработници на весникот, вклучувајќи ја истражувачката новинарка Ана Политковскаја.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…