Home Шоубизнис Славниот холивудски актер Бен Стилер во посета на украинскиот претседател Зеленски

Славниот холивудски актер Бен Стилер во посета на украинскиот претседател Зеленски

Откако беше во посета на украинските бегалци во Полска, славниот холивудски актер Бен Стилер појде и во официјална посета на претседателот на Украина, Володимир Зеленски.

Зеленски за оваа посета објави и на Телеграм.

„Украинците ја имаат поддршката од целиот свет, од многу познати личности. Посетата на Бен Стилер уште еднаш го потврдува тоа. Вашите средби со нашиот народ зборуваат многу. Цениме што сте тука во овој тежок момент за нашата земја“, напиша Зеленски.

Инаку, за време на престојот во Полска, Стилер на Инстаграм ги сподели своите впечатоци од средбите со семејствата чии животи беа уништени од војната и насилството во Украина.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ben Stiller (@benstiller)

„Во Полска имав можност да запознаам некои семејства кои избегаа од војната во Украина. Тие не знаат кога ќе можат да се вратат дома и дали ќе имаат домови во кои ќе се вратат“, напиша Стилер.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …