Руската и аргентинската полиција пронашле 389 килограми кокаин во пошта


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во заедничка акција на полицијата од Аргентина и Русија, изведена слично како оние што ги гледаме на филмовите уапсиле 6 луѓе и заплениле 389 килограми кокаин.

389 килограми кокаин биле откриени во дипломатска пошта, која од руската амбасада во Аргентина била испраќана кон Русија. Уапсените лица ќе се товарат за обид за шверцување на дрогата вредна 50 милиони евра, пренесува РТ.

Операцијата почнала уште во декември 2016 година, кога рускиот амбасадор во Аргентина Виктор Коронели лично ја алармирал аргентинската министерка за безбедност Патриција Булрич, за сомнителни пакети откриени во училишниот анекс на дипломтската мисија во Буенос Аирес.

Откако било потврдено дека во торбите имало висококвалитетен кокаин, вработените во амбасадата, помогнати од аргентински агенти, ја замениле дрогата со обично брашно, а во торбите поставиле ГПС-уреди за следење.

Кога пратката конечно стигнала во Москва преку дипломатската пошта, руското МВР уапсило три лица, а полицијата во Аргентина привела уште тројца членови на шверцерската банда. Според Булрич, дрогата била од колумбиско потекло со Европа како крајна дестинација, а нејзината вредност се проценува над 50 милиони евра.