Русите потврдија: Воениот брод „Москва“ потона


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Рускиот воен брод „Москва” потона при враќањето во пристаништето во бурно време поради експлозија и пожар, соопштија вчера од руското Министерство за одбрана.

Претходно, се информираше дека бродот е тешко оштетен при пожар.
Според Киев, до пожарот дошло, откако украински сили испукале проектил кон бродот.

Максим Марченко, лидер на регионот Одеса, изјави дека крстосувачот „Москва“ бил погоден од две противбродски ракети „Нептун“.

„Москва“, во првите денови од инвазијата, учествуваше во нападот врз Змискиот остров во Црно Море, во близина на границата со Романија, кога беа заробени 19 членови на украинската морнарица, а подоцна беа разменети за руски затвореници.

Се тврди дека 510 членови на екипажот, биле евакуирани.

Портпаролот на Пентагон, Џон Кирби, смета дека инцидентот со крстосувачот „Москва“ само краткорочно ќе влијае врз воениот потенцијал на Русија, со констатација дека руската морнарица „има доволно капацитети“.

Според Кирби, Русија од почетокот на воената операција во Украина имала меѓу десет и 20 активни воени бродови во Црното и во Азовското Море, така што е „тешко да се процени каков точно ќе биде ефектот од онеспособувањето на овој брод“.

„Тие се уште имаат доволен број воени капацитети на море“, заклучува Кирби.

Претходно беше соопштено дека на воениот крстосувач „Москва“ избувнал пожар, по што дошло до експлозија на муниција на бродот што подоцна потонал.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека посадата на „Москва“ е евакиурана, како и дека не било воопшто оштетено ракетното оружје на бродот.