Русија официјално го призна нашето ново име Република Северна Македонија

Од руското Министерство за надворешни работи соопштија дека Русија и официјално формално го признава новото име на Македонија, Република Северна Македонија.

„На 19 февруари 2019 година Руската амбасада во Скопје доби нота од Министерството за надворешни работи на Република Македонија со која се известува за промената на официјалното име на оваа држава во република Северна Македонија”, стои во соопштението од руското МНР.

Во него се додава дека „Руската Федерација ја признава оваа држава под новото име Република Северна Македонија”.